Нема да има општинска зграда во Реонски центар, туку ќе има парк од 5.000 квадратни метри и како правник ќе го решиме правно проблемот со касарната Гоце Делчев, рече Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.

-Потребна е општинска зграда, но не два пати повеќе од реалната вредност за таква зграда, а на нова локација ќе биде изградена општинска зграда со многу помалку средства, а од овие кои ќе ги заштедиме ќе бидат користени развојни за капитални инвестиции – рече Муцунски.

На дебатата на МТВ, тој до крајот на неговиот мандат ветува дека Аеродром ќе има 100.000 квадрати зелена површина. Според кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Филиповски, пак, се работи за нереални проекти.

-Убаво звучи зелена површина од 100.000 квадрати, но за жал нема толку голем простор, со соодветната намена. Има јавен простор за нов парк од 5.000 квадрати и СДСМ тој парк ќе го направи, од „авиончето“ до последна „5 – ка“ – рече Филиповски.

Тој додаде дека главен приоритет на СДСМ е зелената агенда и заштита на животната средина. Исто така, посочи дека општината ќе го поддржи и алтернативниот превоз и ќе се изведе нова велосипедска инфраструктура.