СКСЗМ во Град Скопје како институција секогаш ќе има свој партнер, подготвена да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка ќе може полесно да се решат претстојните економски предизвици и да се зајакне целокупната економија и креирање оптимална бизнис клима во Скопје.

Покрај градежна офанзива во инфраструктурата, Град Скопје донесе и неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата за фирмите, со откажувањето од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси и закупот на јавен простор.