Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО. Потврдена силната поддршка за Украина, истакната важноста за силно сојузништво за зачувување на мирот и безбедноста во Европа.

НАТО состанок во Брисел: Украина апелира за заштита преку членство

НАТО има сериозни сајбер напади, а земјите од Западен балкан се клучни за мирот. Во ера на многу предизвици мирот останува клучен приоритет.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, директно од Брисел изјави дека Македонија мора да го зголеми буџетот за одбранбената индустрија.

Ќе се фокусираме на стратегистките детали, безбедноста на Европа, колкетивното трошење во одбраната на Европа. Ние сме нација која ја достигна целта од 2 отсто од БДП за одбрана. Очигледно е дека тоа ќе оди нагоре со оглед на глобалните случувања. Мора да зборуваме за зголемување на капацитетите на нашата одбранбена индустрија. Треба да зборуваме и за ситуацијата во Западен Балкан за која сме среќни дека НАТО го препозна како значаен регион. Грижите кои произлегуваат од таму се од клучно значење за нашиот континент, вели Муцунски за МРТ.

Првиот човек на НАТО, Марк Руте ја напомена поддршката за Украина како клучна и изјави дека Европа мора да ѝ помогне во услови на тоа кога Русија сака да ја искористи зимата да ја нападне.

Во Брисел присуствува и заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.