Борбата против лошото владеење на СДСМ, корупцијата, лошата економска состојба и криминалот во кој тоне државата е можна само со силна ВМРО-ДПМНЕ која ќе настапува одлучно и единствено како никогаш досега. Затоа што партијата не е еден поединец, ВМРО-ДПМНЕ е народот, членовите и сите граѓани на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е секој град, секое населено место и секоја општина од државата, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Претседателот Христијан Мицкоски ја има целата поддршка и доверба од мене да ја предводи политичката партија која на следните парламентарни избори ќе освои најголем број пратеници и ќе ја формира иднината влада во Македонија. Нема и не смееме да губиме време за поделби, политичката битка против погубните политики на СДСМ бара лидерство, единство, истрајност и одлучност.