Муцунски најави капитални проекти и зелени површини кои се пред се предложени од граѓаните и се за добробит на целата општина.
Денеска заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2023 година порача градоначалникот на општина аеродром Тимчо муцунски на вториот ден од акцијата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ „Отворен ден во твојата општина – Твоја идеја за промени“.
Иако овој викенд заврши, сепак тоа не е крај. Овие отворени денови свое продолжение ќе имаат и наредниот викенд со тоа што вратите на општините ќе бидат отворени за граѓаните од 11 до 14 часот.