– Кај нас евро-духот нема големи осцилации. Друго прашање е колку граѓаните ќе имаат доверба во Европската Унија. Верувам дека поради иднината на евроинтеграции ова ќе се надмине, па ЕУ е свесна дека до одреден степен овие теми ќе се затворат. Ова е апсурдно однесување на бугарската страна, не се чувствуваат комотно сега. Не верувам дека решението е да прифатиме бугарски ставови, кажа Муслиу.