Телефонски разговор меѓу министрите – повик за заемно почитување и европски вредности

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со својот бугарски колега, министерот за надворешни работи Георг Георгиев. Во разговорот повторно беше подвлечена стратешката ориентација на Македонија кон Европската унија. Како и важноста на градење на односите со Бугарија врз основа на принципиелност и заемно почитување.

Георгиев го информираше Муцунски за позицијата на бугарското Собрание

Министерот Георгиев го запозна својот македонски колега со одлуката донесена од бугарскиот парламент, која се однесува на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Разговорот се водеше во контекст на најновите политички позиции на официјална Софија во однос на проширувањето на ЕУ.

 Македонија останува принципиелна и подготвена за соработка

Во разговорот, министерот Муцунски повтори дека Македонија останува цврсто посветена на реформите и исполнување на Копенхашките критериуми, кои треба да бидат единствениот услов за напредување кон полноправно членство во ЕУ. Тој нагласи дека европскиот пат не смее да биде обременет со билатерални прашања, кои треба да се решаваат паралелно и со добра волја.

Заедничка обврска – добрососедство и европска перспектива

Муцунски ја потенцираше важноста на добрососедските односи и заедничката обврска на двете земји како НАТО-сојузници да ги развиваат своите односи ориентирани кон иднината, врз основа на европски принципи.

„Подготвени сме за активен придонес во градењето доверба, заснована на заемно почитување и принципиелност,“ изјави министерот Муцунски.

Извор: Курир