Шефот на накедонската дипломатија Тимчо Муцунски утрово го посети Загреб, каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени.
Тој се заблагодари на Хрватска што примила на лекување петмина повредени, истакнувајќи дека Скопје меѓу првите повици со изрази за солидарност и понудена помош ги примил од Загреб.
Тука сум како претставник на држава која тагува за 59 изгубени животи, рече Муцунски пред Клиниката за трауматологија во Загреб, додавајќи дека „нема содветни зборови кои можат да се кажат во овој момент“.
По првите двајца македонски пациенти кои со изгореници веќе се лекуваат во Загреб, вчера во главниот град на Хрватска беа донесени уште тројца поврдени од трагедијата во ноќниот клуб во Кочани. Сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.