Министерот Тимчо Муцунски се огласи од Белград. Тој добил детална анализа за состојбата на пациентите. Муцунски се заблагодарил на српските власти за високата поддршка во овие тешки моменти. Минситерот потсети дека Владата обезбедува сместување за семејствата на македонските пациенти во странство.

Денеска бев во Белград, каде што се лекуваат најголем број од македонските граѓани испратени на лекување во странство. На одвоените средби со претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевиќ и со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ изразив искрена и длабока благодарност за приемот на македонските пациенти, силната поддршка и високото ниво на медицинска грижа што ја обезбедуваат српските здравствени институции.

Муцунски на средбите е со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски.

Заедно со заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, ги посетивме болниците каде што се лекуваат повредените пациенти и добивме детални информации за нивната здравствена состојба. Македонската влада обезбедува сместување за семејствата на македонските пациенти во странство, а нашите дипломатско-конзуларни претставништва остануваат на целосно располагање за секоја потребна помош и поддршка.

Неговиот статус може да го погледнете во продолжение: