Односите меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати влегуваат во нова фаза, во која политичкото приближување сè повеќе треба да биде проследено и со конкретна економска соработка, нови инвестиции и поголема трговска размена. Токму за можностите што се отвораат меѓу двете земји, Радио Лидер разговараше со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија, Абдула Али Атик Обаид Алсубуси.
Алсубуси е искусен емиратски дипломат и актуелен амбасадор на ОАЕ во Италија, со нерезидентна акредитација и за Македонија, Малта и Сан Марино. Во својата дипломатска кариера претходно бил амбасадор на ОАЕ во Австралија, како и нерезидентен амбасадор во Вануату, Самоа и Соломонските Острови. Бил генерален конзул на ОАЕ во Лос Анџелес, директор на Одделот за американски и пацифички прашања во Министерството за надворешни работи на ОАЕ, а во два мандати работел и во амбасадата на Емиратите во Вашингтон. Дипломирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот во Минесота.
Во краткото интервју за Радио Лидер, амбасадорот Алсубуси говори за новата ера на „посебно партнерство“ меѓу Македонија и ОАЕ, преговорите за Сеопфатниот договор за економско партнерство (CEPA), како и за интересот на емиратскиот капитал за инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, земјоделството и туризмот. Тој зборува и за можноста за директно авионско поврзување, но и за културната соработка меѓу двете земји, која доби дополнителен импулс со претставувањето на Македонија како почесен гостин на Меѓународниот саем на книгата во Абу Даби. Интересно е што веднаш по интервјуто за Радио Лидер, амбасадорот Алсубуси оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на која лично ѝ ја врачи поканата за учество на Конференцијата на Обединетите нации за водите во Абу Даби, а разговараа и за нови инвестиции, директната авиолинија Скопје–Дубаи и можноста за отворање резидентна амбасада на ОАЕ во Скопје.
За време на престојот во Скопје, амбасадорот Алсубуси се сретна и со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, а средбата се разговарало за директна авиолинија Дубаи–Скопје, која Flydubai би треба да ја воспостави од март 2027 година. Двајцата разговарале и за инвестиции, инфраструктура и туризам, како и за можноста за директно авионско поврзување на Охрид со ОАЕ.
разговара: Љупчо ЗЛАТЕВ
Како ги оценувате односите меѓу двете земји?
Обединетите Арапски Емирати и Република Северна Македонија имаат политички билатерални односи на меѓусебно разбирање и пријателство, без ниту едно отворено прашање, ова претставува значајна основа за развој и прогрес во економската соработка. Меѓу двете земји, политичките и дипломатските односи се оценуваат како одлични, традиционално пријателски и во фаза на сериозно интензивирање.
Надворешната политика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се темели на прагматизам, економска диверзификација, регионална стабилност и дипломатија на дијалог. Таа се стреми да ја позиционира земјата како глобален центар за трговија, технологија и меѓународно посредување, балансирајќи ги односите со големите сили.
Со потпишувањето на Абрахамскиот договор, Емиратите ја нагласија својата ориентација кон градење отворени дипломатски односи и соработка во Блискиот Исток.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се карактеризираат со најотворена, најдинамична економија во регионот и промовирање на регионална стабилност, се стремат кон градење конструктивни партнерства ширум светот, намалување на тензиите и привлекување инвестиции. Во таа насока, со Република Северна Македонија, двете земји влегуваат во нова ера на изградба на „посебно партнерство“.
Тоа се докажува и на посетите на највисоко ниво, како што е последната посета во февруари оваа година, на Претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите, во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Исто
Исто така Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Проф. Др. Христијан Мицковски на 14 април 2025 г., во претседателската палата Каср Ал-Шати во Абу Даби имаше средба со Н.В. Шеикот Мохамед бин Зајед Ал-Нахјан, претседател, на ОАЕ и владетел на Абу Даби, која е прва средба на оваа ниво во последните 10 години.
Посета во февруари 2026 г, во Дубаи, на Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во рамките на средбата беше потпишан и МзР за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата. Исто така, Министерот Муцунски во декември 2025 г., учествуваше на Sir Bani Yas Forum 2025” кој се одржа во Абу Даби.
Во фокусот на разговорот на сите средби беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка.

Кои се предизвиците во економската соработка?
Во последните години се зголемуваат предизвиците за зацврстување и интензивирање на односите меѓу двете земји, со посебен акцент во доменот на економијата, имајќи предвид дека двете земји се во фаза на преговори за потпишување на Сеопфатен договор за економско партнерство (CEPA), кој подразбира широк договор за слободна трговија на високо ниво. Главната цел на овој Договор е целосно ослободување од бариерите во делот на инвестициите, услугите, земјоделството и трговската размена, со што се отвораат нови можности за економски раст.
Последните напади од Иран донесоа промени во глобалните геополитички приоритети, а особено во надворешната и економската политика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Конфликтот го принуди регионот да се прилагоди на новата реалност посебно на зголемена ранливост на глобалната трговија.
Поради последната ситуација но и досегашните потреби, се зголемил дефицитот помеѓу РС Македонија и ОАЕ, имајќи предвид дека во 2025 година, било увезено околу 88,7 милиони САД долари природен гас. Сепак, и покрај големиот дефицит, е зголемен извозот од РС Македонија на земјоделски производи и конзербирана храна.
Дали се очекуваат нови инвестиции од ОАЕ?
Сакам да наведам дека постојат многу големи потенцијали кои сеуште не се искористени помеѓу двете земји, но веќе со поставената легална рамка, и со Сеопфатниот договор за економска соработка, се отвораат сите врати и нови перспективи за трговија, инвестиции, туризам и други области.
Обединетите Арапски Емирати се сериозно заинтересирани за соработка и инвестиции во Република Северна Македонија. Досега биле реализирани и конкретни средби со најголемите фондови на ОАЕ кои имаат капацитет и можност да инвестираат надвор од ОАЕ. Беше повторен и потврден интересот за инвестиции од страна на ОАЕ, генерално во проекти за инфраструктура, енергетика, земјоделство, туризам , поврзување со директно авионска линија и сл.
Инвестициите од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Македонија се во фаза на интензивни преговори, стратешко планирање и конкретни најави, со примарен фокус на неколку клучни инфраструктурни и енергетски сектори.
Преку официјалната платформа за СДИ на Министерството за економија на ОА (UAE FDI Dashboard), Северна Македонија е регистрирана како дестинација со активен интерес за емиратски капитал.
Во Скопје, се формирала компанијата Emirates Investment Group, која е заинтересирана за идни инвестиции во РС Македонија.

Во Абу Даби се одржа Саем на книга каде РС Македонија е почестен гостин. Како ја оценувате оваа учество?
Како дел од прославата на балканската култура како почесен гостин на 35 -от Меѓународен саем на книгата во Абу Даби (ADIBF), во соработка со Република Северна Македонија, вашата земја претставува разновидна културна агенда за да ги запознае посетителите со богатата култура на балканскиот регион, неговата јазична разновидност и неговото книжевно и уметничко наследство.
Програмата, исто така, ги истакнува аспектите на културниот идентитет на земјата, кој е обликуван низ вековите интеракција со различни цивилизации и култури.
Учеството на Северна Македонија во програмата „Почесен гостин“ додава посебна културна димензија на настанот, проширувајќи ја културната размена меѓу арапската публика и регионот. Исто така, дава увид во истражувањето на земјата чија историја и културен развој се обликувани од меѓусебното дејствување на источните и западните влијанија. Во павилјон, кој беше дизајниран да понуди живо културно искуство, посетителите можеа да се сретнат со опипливи докази за длабочината на ова наследство. Меѓу најважните експонати се ракописите кои датираат од пред повеќе од 600 години, кои нудат увид во културната историја на Северна Македонија и ги истакнуваат нејзините долгогодишни врски со арапскиот свет, што одразува богата традиција на интелектуална и човечка размена меѓу културите.
Посебно внимание привлече и проактивната форма на презентирање на вашата богата култура на начин што одговара на нејзините посебни цивилизациски аспекти. Посебно впечатливо е и неговото постојано ангажирање и целокупниот придонес за зајакнување и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји. Исто така, во оваа прилика сакам да додадам дека активното ангажирање на вашата амбасада во Абу Даби се препознава и високо се оценува, и тоа придонесува кон зајакнување и продлабочување на односите меѓу нашите пријателски земји.
