Денеска остварив средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Разговаравме за понатамошно унапредување на соработката помеѓу двете земји. Во контекст на развојот на регионот, акцент ставивме на засилување на економските и трговските релации, како и на инвестициите во инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат двете држави. На средбата ја нагласивме важноста од забрзана интеграција на регионот во Европската унија. Стана збор и за партнерството во рамките на НАТО алијансата, регионалната соработка и нашиот заеднички придонес кон унапредувањето на регионалната и европската безбедност, истакна Муцунски.