Поради зголемениот број барања, шалтерот во зградата на МРТВ ќе работи и за време на викендите

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во наредниот период граѓаните ќе можат да извадат одобрение за патување во странство за малолетни лица и во сабота, покрај редовното работно време во текот на работната недела.

Од МВР посочуваат дека мерката се воведува поради очекуваниот зголемен обем на барања во претстојниот период.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, а услугата ќе биде овозможена и во сабота со работно време од 08:00 до 12:00 часот, со цел да одговориме на сите барања на граѓаните“, соопшти МВР.

Во соопштението се наведува дека проширеното работно време има цел да овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките за издавање одобренија за патување на малолетни лица во странство.