Министерството за внатрешни работи излезе со поконкретни информации во врска со пукањето во трговскиот центар „Ист Гејт„, во Скопје.

„На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило.Во возилото имало уште едно лице, повредени лица нема, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Лицето кон кое е пукано е Раде Трајковски Штекли. Пукано е од патничко возило „БМВ“ кое потоа било запалено во Грчец.

Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.

За инцидентот известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.