Јован Вукотиќ шеф на познатиот Шкаљарски клан е едниот од двајцата големи балкански нарко босови кои добиле македонски пасоши од МВР, брифира ВМРО-ДПМНЕ.

Вукотиќ добил вистински македонски документи на име Георги Андонов.

Вториот е Седат Пекер турски државјанин кој неодамна беше протеран од Македонија а предходно се сликал со високи државни функционери.

Пекер кого го гони и Турција во Македонија бил Џадин Амедовски.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ објави афера Мафија според која МВР со знаење на премиерот издавала пасоши на сомнителни ликови од балканското подземје.