– Изречени се девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање, соопштуваат од МВР.

Оттаму потенцираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.