При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал, бил пронајден пиштол „М57“ со една рамка со пет куршуми калибар 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.