Десет годишно дете го загуби животот откако вчера попладне беше удрено од автомобил на бул.„Никола Карев“ во Скопје.

-Патничко возило „мерцедес“ удрило во малолетник, по што го напуштило местото. Малолетникот бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде била констатиран смрт. По кратко време, по преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш.(21) од Скопје, кој бил приведен, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.