МВР во фокус: Голема полициска акција внатре во институцијата

Министерството за внатрешни работи (МВР) од раните утрински часови спроведува опсежна полициска акција во своите редови. Според достапните информации, во тек се претреси во главната зграда на Министерството.

Сомнежи за злоупотреба на тендери

Акцијата се однесува на истрага за потенцијални неправилности при доделување тендери за одржување и сервисирање на службените возила. Во рамките на истрагата, претреси се спроведуваат во канцелариите на повеќе началници, како и кај вработени во неколку организациски единици на МВР.

Официјална потврда од МВР

Од Министерството ја потврдија информацијата и нагласија дека акцијата е во надлежност на Бирото за јавна безбедност.

  • „Ве известуваме дека полициските службеници од Одделот за борба против организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, спроведуваат мерки и дејствија насочени кон работата на Одделот за општи и заеднички работи во рамки на МВР, согласно насоките од надлежниот јавен обвинител“ – информираат од Министерството.

Претреси и во автосервиси

Паралелно со активностите во Министерството, полицијата врши претреси и во повеќе автосервиси кои во изминатите години биле ангажирани за сервисирање на службените возила.

Периодов засилени акции има МВР, како надвор, така и во институцијата.

(ВИДЕО) Претреси, блокади, разбиени нарко картели: Голема полициска акција на МВР