Засилена акциска контрола во делот на сообраќајот е спроведена вчера во периодот од 10 до 18 часот на територија на општина Чаир во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При контролата, како што посочуваат од МВР, санкционирани се 105 возачи, од кои 29 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за истечена сообраќајна дозвола, три санкции за технички неисправни возила…

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.