Денеска околу 13.40 часот во с. Новоселани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, управувано од В.Р. (18) с. Заполжани, кој го напуштил местото, но набрзо бил пронајден и приведен, и мотоцикл „шинерај“, управуван 14-годишник од истото село, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.