Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на подрачје на Чаир одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот.

За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка