– Вчера во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.К.(40) од Скопје, поради сомнение дека претходно со употреба на сила влегол во градинка на ул.„Рокомија“ и одзел разни предмети. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото, а признал уште две кривични дела „тешка кражба“ и една „тешка кражба во обид“ во градинка. Од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопственикот, посочуваат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.