– Согласно податоците, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4 проценти, Кавадарци 62,3 отсто и Охрид 61,4 проценти, додаваат од Министерството.
Во тек е вакцинацијата во сите постоечки вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин. Од Министерството велат дека процесот на вакцинација со домашна посета се одвива со претходно искажана заинтересираност до најблискиот пункт на местото на живеење.
Министерството за здравство информира дека вакцини има во доволен број и апелира на заинтересираност и вклучување во процесот на вакцинација, особено помладата популација. Од таму велат дека вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последните анализи.