– Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Тој додаде дека по денешната прес-конференција ќе провери дали има одговор.

– Тоа што се обидовме и со меилови да искомуницираме, да се прати лекот по ДХЛ да стигне што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување на пуштање на лекот во промет и покрај тоа што официјално постапката не е завршена. Сега имаме јавна административна пречка, ама ќе ја надминеме, нагласи Филипче. Додаде дека разговорал со директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Љирим Шабани, кој, како што истакна, рече дека ќе излезат во пресрет.