– На 28-ми јуни Талат Џафери не во својство на приватно лице, не во својство на претставник на политичка партија, туку во својство на претседател на Собранието на Република Македонија говореше пред Европскиот парламент на албански јазик спротивно на Амандманот 5 од Уставот, кој јасно вели дека службен јазик на надворешна употреба е македонскиот јазик, критикуваше Лефков.

Пратеникот вели дека со интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ ќе побара политичка одговорност од претседателот на Собранието бидејќи со неговите непринципиелни настапи и постапки го навредил и го нарушил достоинството на законодавниот дом.

– Го навреди и достоинство на целиот народ, ова е недозволиво ако веќе сте се нафатиле на една таква функција, треба да се биде пример за кредибилитет и човек кој ги почитува законите, истакна Лефков.