Третиот и последен натпреварувачки ден на финалниот турнир од кошаркарскиот куп „Благоја Герогиевски-Буштур“ во Куманово, е резервиран за големото финале. МЗТ Скопје ќе игра против домаќинот Куманово.

Тимот од Аеродром сака продолжение на доминацијата која реално и ја имаат во последната деценија, дури и повеќе одд тоа. Имаат три последувателни триумфи во финалните натпревари од Купот, кој од пред пет години го носи името на легендарниот македонски кошаркар, Благоја Георгиевски-Буштур.

Ова за нив ќе биде шесто по ред (едно повеќе во низа има само Работнички), вкупно 19 учество во големото финале, во кое имаат шанса да го освојат и својот 14 трофеј во богатата клупска историја.

31 КОШ РАЗЛИКА: МЗТ Скопје го декласираше Работнички во Купот на Македонија

Од друга страна МКК Куманово е во финалето, за прв пат откако се натпреваруваат како МКК Куманово, а вкупно по втор пат по 2013 година, една екипа од Куманово ќе има прилика да ја смени својата историја. Да биде поставено името на клубот на победничкиот пехар кој неколку сезони е во сопственост на нивниот вечерашен ривал.

Финалето е закажано за 19 часот.