Кошаркарите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе ја дочекаат Цибона во рамките на последното коло во АБА лигата, во натпревар кој мора да го добијат.

„Штрковите“ ги исполнија своите цели, а ниту победа над Цибона не значи сигурен опстанок, туку треба да чекаат услуга од Будуќност кој е огромен фаворит со Борац.

Поради важноста на натпреварот, на избраниците на Драган Николиќ ќе им биде потребна голема поддршка, па МЗТ Скопје одлучи да ги отвори вратите на СЦ „Јане Сандански“ и влезот ќе биде бесплатен.

Средбата меѓу МЗТ и Цибона се игра в петок во терминот од 18:00 часот.