Кане Танака, најстариот човек на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, почина на 19 април, соопшти денеска Министерството.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека биле тажни кога слушнале за смртта на Танака, а веста за нејзината смрт ја потврдил и високиот консултант за геронтологија Роберт Јанг, кој во 2019 година помогна да се потврди нејзиниот рекорд како најстар жив човек.

На Твитер за нејзината смрт, Гинисовата книга на рекорди напиша:

– Таа стана најстарата жива личност во јануари 2019 година на возраст од 116 години и 28 дена, соопшти на Твитер Гинисовата книга на рекорди.

Танака е втората најстара личност што е регистрирана, зад Жан Калмент која живеела 122 години.