Пратеникот од партијата ЗНАМ, Бобан Карапејовски, упати критики кон лидерот на Левица, Димитар Апасиев, наведувајќи дека по медиумите се слушаат информации дека некој од пратениците на Левица се подготвува да го замени.

Според Карапејовски, постојат најави дека дел од членовите на Левица сакаат партијата да се трансформира во „вистинска парламентарна сила“ која ќе биде конструктивна и силна опозиција.

„Апасиев го губи приматот во својата партија и затоа е нервозен,“ изјави Карапејовски, додавајќи дека „суперхероите ги има само во стрипови“.