– На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа, кажа Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

Претходно Градот донесе одлука да додели 2 милиони денари за семејствата на загинатите.