градите и по телото е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Директорката на Клиниката, Славица Литајковска, за Канал 5 вели дека во моментот е во стабилна состојба, но го чека операција на левата надлактица, закажана за утре.
-Има скршеница на левата надлактица и закажана е операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба. Направени се сите иследувања, како комјутерски снимања, така и сите потребни прегледи. На интензивна нега е, вели директорката Литајковска.
Детето вчера претпладне првично било примено во болницата Св. Еразмо во Охрид, но подоцна е пренесено во скопската детска хирургија. Од охридската болница случајот веднаш го пријавиле во полиција, а од МВР велат дека работат на расчистување на случајот