Маж го загуби животот, а женa со тешки телесни повреди е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош, откако паднале од зграда на булевар „Климент Охридски“ во Скопје.

Како што соопшти вчера МВР, во СВР Скопје вчера во 12:57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф. М. (47) и К. Г. (39), двајцата од Скопје.

-Лекар од Итната медицинска помош кај Ф. М. констатирал смрт, а К. Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, наведуваат од МВР.

Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Аeродром и е вокалистка на познат скопски бенд.

На социјалните мрежи беше објавено дека момчето кое трагично го загуби животот е Филип кој бил дел од групата Undone. Неговите пријатели се простија од него на официјалната страна на бендот на фејсбук.

„RIP Филип најпрекрасната личност, еден од столбовите на Undone, кој е со нас од пред да започнеме со Undone and ALL the way, деновиве работеше на ново видео за The War On Love… Правејќи музика заедно, многу неверојатни анимации и видеа што ги направил на толку многу песни, омоти што ги дизајнирал за албуми. Филип замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде. Вистински херој“ – напишаа тие.