Започна новата академска година
Почна нова академска година, но со помал број бруцоши. Најголем интерес за студирање има на природно-техничките факултети, но и на најбараниот факултет-ФИНКИ има над 300 студенти помалку од лани.
Започнува учебната година за студентите – прв академски час на платото пред УКИМ
Професорите им посакаа успех на студентите и ветија подобри услови за студирање.
Обраќање на премиерот – модернизација на образованието во фокусот
Премиерот Мицкоски се обрати пред бруцошите. Првиот човек на Владата напомена дека се посветени на конкретни проекти кои ќе го унапредат квалитетот на високото образование. Тој нагласи дека во фокусот е модернизацијата на образовниот процес.
-Веќе започнуваме со институционални ангажмани за понатамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети кои се во дел од нашите Универзитети низ земјата. Ќе се постави најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија. Започнавме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување, категоричен е премиерот Мицкоски.
Проблем со иселувањето
Од 15 илјади матуранти, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ се запишале околу 10 илјади бруцоши.
Иселувањето и помалиот наталитет се причина за опаѓање на бројот на студенти.
Голем број од новозапишаните студенти иднината ја гледаат во странство.