На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе во спомен на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската Армија, кои во 2001 година ги загубија животите.
Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.
За време на воениот конфликт на 8 август 2001 година, 10 резервисти беа убиени, а тројца беа ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот падна во заседа и врз него бил отворен жесток оган, а извлекувањето траее со часови.
