За општините со албанско мнозинство не се исклучува и можноста за соработка со некоја партија. Засега нема конкретна одлука, но како идеја се дискутира, пренесе „Слободен печат“.

Универзитетскиот професор Башким Селмани смета дека тоа е добра идеја.

Не само врз основа на добиените гласови, туку и поради вработувањата што ги има направено е многу веројатно на следните локални избори ДУИ да се трка и во општините каде Албанците не се мнозиство. СДСМ целосната политичка конкуренција и победата ги базираше на албанскиот електорат – нагласува Селмани за „Слободен печат“.

На парламентарните избори на 15 јули 2020 година, ДУИ имаше на своите листи кандидати за пратеници и Македонци, како што беше случајот со активистката Мери Николовска. Во нејзината пратеничка група во моментов ДУИ има еден член на турската заедница, Исмаил Јаоски, додека оад редовите на оваа партија е и градоначалникот на Пласница, Алија Јаоски, кој е припадник на турската заедница.