Фокус пренесува дека според обвинителството и судот освен овие обвинети во грабнувањето учествувал и Александар Трпковски кој е во бегство и други лица.
Го грабнале оти зел дрога од 4 килограми и не ја платил.
Обвинетиот Милановски заедно со Трпковски, лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на Самоил, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да ја плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.
Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.
Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.
Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.