Туристичката понуда на Црна Гора како сигурна летна дестинација ќе биде претставена денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Црна Гора во С. Македонија и црногорската Национална туристичка организација.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Црна Гора во државава Марија Петровиќ, а туристичата понуда ќе ја претстави менаџерот на Националната туристичка организација Лилјана Чукиќ.

Ќе биде претставена и кампањата „Заедно со природата“, која има за цел, како што посочуваат од Амбасадата, да го прикаже природното и културното наследство на Црна Гора.