Комуникацијата е двосмерна улица и резултатите кои ќе ги постигнеме во град Скопје, нормално зависат и од градоначалниците кои треба да помогнат во процесите. Јас сум познат во јавноста како човек кој што решава , секогаш давам шанса на секого да се изјасни , да даде своја идеја. Јас сум претседател и на ЗЕЛС и праксата ме научила дека најдобро е проблемите да се решат на маса . Секој има право на свое мисење , но генерално немаме никаков пробелм, напротив имаме одлична соработка , не само со градоначалниците кои доаѓаат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, туку и со другите имаме добра соработка . Имаме акции кои заеднички ги спроведуаваме , изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.
Жално е што политиката во нашата држава се сведува на снимање рилс. Пет минути активност не го градат градот Скопје . За тоа треба посериозен пристап и одговорност , треба кога се гласа за одредени мерки за град Скопје , како што е градба на училишта, нова пожарна ,треба да дадете поддршка , треба да се оддржани вашите мерки, а не популистички . Секој има право да даде свое мислење , но јас повеќе сум за водење на реална политика. Локалната самоуправа не е исто што е и централната политика , односно да бидете пратеник во собрание. Јас разбирам дека има таму моци и девојки кои имаат амбиција да влезат во кондури кои се поболеми од бројот што го носат и затоа сакаат да снимаат рилсови и очекуваат да станат пратеници , но се е тоа во ред. Јас прифаќам и сугестии , но ги прифаќам во целост кога се издржани . На популизам научен сум да не реагирам многу, изјави Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.
