За нов мандат трча актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски, потоа, Гордана Силјановска-Давкова, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Ванковска и Бујар Османи.

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски се најде на црната листа на САД

Стевчо Јакимовски е во центаротна вниманието по неговото вчерашно ставање на црната листа на САД. Тој пак, се спореди со Доналд Трамп велејќи дека ова е политички инструирана одлука. Тој потенцираше дека е единствен кандидат кој не е со Сорос.

Стевчо Јакимовски се спореди со Доналд Трамп: Ниту случајно нема да повлечам од трката за преседател

Јакимовски вели дека нема да се повлече од трката за претседател, а со жесток тон обвини дека САД се мешаат во изборите во Македонија.

Дали влијае ставањето на Стевчо Јакимовски на црната листа

Од ДИК велат дека ставањето на црната листа на САД на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски нема да влијае на неговата кандидатура бидејќи Уставот е јасен и во него се утврдени сите услови.

Граѓаните без голема заинтересираност за увид во список

Се затвори избирачкиот список за увид на граѓаните. Во подрачните единици на ДИК, увид направиле 6.231 лице, додека по електронски пат провериле 56.299 граѓани.

Седум претседателски кандидати на гласачкото ливче

Веќе е јасно дека само седум од вкупно 15 претенденти за претседател одат понатаму. На гласачкото ливче ќе стојат имињата на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска.

Заврши собирањето потписи за претседател – седум кандидати ќе стојат на гласачкото ливче