На седмите претседателски избори што ќе се одржат во среда право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.
Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи. Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање во установи за вон семејно згрижување, а во Избирачкиот список запишани се и две внатрешно раселени лица.
Гласањето на седмите претседателски избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата, но на 120 избирачки места има помалку од десет гласачи кои се упатени правото на глас да го остварат во најблиското избирачко место.