Трагични вести доаѓаат од Хрватска. Поранешниот играч на Шкендија, Иван Челиковиќ почина на 34-годишна возраст. Засега не е позната причината за смртта, но се случило ненадејно, јавуваат хрватските медиуми.

Челиковиќ долги години беше во хрватскиот фудбал, а во сезоната 2017-2018 настапува во дресот на тетовска Шкендија.

Левиот бек беше дел од јуниорите на Хајдук, а потоа играше за Солин, Интер Запрешиќ, дојде во Шкендија од каде одново се врати во Интер, па во Локомотива, и последните играчки денови ги мина во Конављанин. Паралелно додека играше за нив, беше и во фудбалската академија на оваа екипа.