Најавите се потврдени, Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан, меѓутоа тоа нема да биде како тренер, пренесува Спортски.

Денеска во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека Швеѓанецот би можел да се врати како тренер меѓутоа тоа нема да се случи.

Нема да биде ниту врска помеѓу младинскиот и првиот тим, туку Ибра ќе биде советник на претседателот Гери Кардинале.

41-годишниот Швеѓанец ќе биде десна рака на Кардинале и неговата компанија „РедБирд“. Кардинале планира да ја прошири својата инвестиација, но фокусот да остане на спортот.

„Љубовта која ја имам кон Милан никогаш нема да исчезне. Враќањето е во клубот е нешто кое го посакував и сега ќе се оствари. Ќе му помагам на Милан во сите области“, изјави Ибрахимовиќ.

Ангажманот на Милан го потврди и Кардинале.

„Тоа што Златан го прави не е само физички талент, туку и голем интеелект и претприемачки дух. Во РедБирд развивме партнерство со одбрана група на врни спортисти и уметници кои можат да донесат напредок“, изјави Кардинале.