Владата денеска ќе одржи редовна седница на која ќе разгледува повеќе предлог-закони, меѓу кои, за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.
Од владината прес-служба соопштија дека на предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Македонија со Предлог-одлука за одобрување средства на банката за формирање фонд за развој.
За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, најавуваат од владината прес-служба.