Еден од нив е Љуљзим Хасани. Тој вели дека новите предлог-мерки се дискриминирачки, имајќи предвид дека 80% од објектите немаат тераса.

– Ова е дискриминирачка одлука, бидејќи не ги опфаќа сите објекти кои се занимаваат со оваа дејност. Олеснување има само објектите кои имаат тераса, односно отворените објекти, а тука во нашиот регион во Тетово, има само еден и два објекти со тераса, а останатите се затворени, посочи Љуљзим Хасани, сопственик на ресторан. Хасани додава дека е апсурдно да има музика, а поканетите да не сметат да играат ора.

Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека музика е дозволена само за отворени делови, а за затворените пак, како што најави, во следните две недели ќе бидат изготвени соодветни протоколи.

– Не знам дали некогаш се има организирано свадба без музика и дали тоа всушност наликува на семејна забава? Секако, очекуваме одлука која ќе биде соодветна и за нас како бизнис, и за Комисијата за заразни болести, додаде Хасани.

Инаку, овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести, а за да стапат на сила се очекува да бидат одобрени од Влада.