Околу 45 минути се чека на граничниот премин Табановце за влез во земјава поради зголемена фреквенција на возила во овој период од годината.

На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.