На Граничниот премин Табановце за влез во Македонија, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање утрово е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Автомотосојузот соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.