Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 248 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.