Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.