Одделението за прекуграничен криминал и миграции Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Х.(31) од Република Албанија, со постојано место на живеење во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

-Пријавениот, на 26.04.2023 на граничен премин „Богородица“ допатувал со возило „тојота јарис“ со италијански регистарски ознаки и при контрола и проверка на сообраќајната дозвола и останатите документите било утврдено дека регистарските таблички припаѓаат на друго возило, велат од полицијата.