Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.